Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на наши граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници
Уште еден лет од Дубаи за Скопје ќе се реализира денеска за евакуација на македонски граѓани што се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Од македонската амбасада во ОАЕ апелираа до македонските граѓани што имаат приоритетна и неопходна потреба од евакуација во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на РС Македонија во Абу Даби. Евидентирањето може да се изврши преку следните начини, како на телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: [email protected].
Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на наши граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.
