Авион на „Ер Србија“, кој од Белград полета за Москва денеска во 14:30 часот, вратен е на аеродромот „Никола Тесла“, откако стигнала дојава дека во него е подметната бомба, објави РТС.
Авионот „Ербас А-330“ од аеродромот „Никола Тесла“ полетал во 14.30 и околу 15:15 е вратен во Белград.
Во тек е преглед на авионот, пренесува РТС.
Во текот на претходните десет дена веќе осми пат е пријавено дека во авион на „Ер Србија“ кој лета за Москва е подметната бомба.
Сите дојави досега беа лажни.