Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна
Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтеровата скала и интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, почувствуван е попладнево во 18 часот и 31 минута во Делчево, Берово и Пехчево.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.
Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.
Првиот беше регистриран изутрината во 6:36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда од 2,8 степени и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала
