Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтерова скала го погоди синоќа албанскиот пристаништен град Драч, соопшти Националниот геофизички институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 36 километри под површина на земјата.
Во вторникот во тој регион исто така беа почувствувани два земјотреса. Првиот, со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран во 21:15 часот со епицентар кај местото Хамале, кај Драч, на длабочна од 10 километри. Веднаш по првиот беше почувствуван вториот потрес. Овие земјотрести го затресоа и Дебар.
Во ноември минатата година Албанија ја погодија серија земјотреси во кои загинаа повеќе од 40 луѓе.