Како причина за забраната која може да трае до крајот на април е се поголемиот број заразени во Индија, поради што Владата смета дека сите вакцини произведени таму треба да останат во земјата
Владата на Индија денеска донесе одлука за привремена забрана на извоз на вакцини против коронавирус од компанијата „Астра Зенека“ кои се произведуваат таму, бидејќи смета дека се што се произведува во земјата мора да и да остане, поради порастот на заразени, објави Би-би-си повикувајќи се на тамошното Министерство за здравство.
Во образложението се наведува дека поради ова, мора да се забрза вакцинацијата во следните недели, за што ќе бидат неопходни сите вакцини произведени во Индија.
Официјални лица изјавија дека станува збор за привремена забрана, а владини извори велат дека таа може да трае до крајот на април, објавува Би-би-си.
Денешната одлука на индиската Влада ќе влијае на околу 190 земји кои ја очекуваат вакцината „Астра Зенека“ преку програмата на Светската здравствена организација – Ковакс.