Руските војници Александар Бобикин и Александар Иванов признаа вината за прекршување на правилата на војната и утрово се појавија на суд. Тие се обвинети за гранатирање на цивилните области на Украина со ракети ГРАД, пренесуваат украинските медиуми.
Претходно, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиството на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата, поради што му се заканува доживотен затвор.
Шишимарин денеска пред судот се покаја за стореното дело побара прошка од вдовицата на убиениот украински цивил, пренесе Би-би-си.