Од утре, според информациите од УХМР, времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се искачи до 32 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде облачно со слаб дожд претпладне, а попладне облачноста ќе се намалува. Во југоисточните делови од земјата, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од 7 до 16 Целзиусови степени, а попладне од 16 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде претпладне облачно со повремен слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува, но ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Скопје ќе достигне до 24 Целзиусови степени.
Од утре, според информациите од УХМР, времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Температурата ќе биде од 6 до 18 Целзиусови степени наутро, а попладне од 22 до 32 Целзиусови степени. УВ-индексот утре ќе биде 8.
И во Скопје утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и со максимална температура до 29 Целзиусови степени.
