На 790 лицa им се издадени решенија за изолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, а 214 потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шестмина не ја почитувале мерката.
За неносење лична заштита на лице санкционирани ќе бидат 1 071 лице, соопштија од МВР.
