Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде тестирана за корона вирусот, откако денеска главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија за Брегзит, Мишел Барние, самиот потврди дека е заразен.
Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, кој, како што јавуваат агенциите, забележа дека засега Фон дер Лајен нема никакви симптоми на заболувањето.

Фон дер Лајен последен пат се сретнала со Барние пред околу две недели, прецизираше тој. Според него, сите вработени во ЕК, кои биле околу Барние, биле посоветувани да ги преземат неопходните мерки за самоизолација. Засега работата нормално продолжува, додаде портпаролот на ЕК.