Полската влада денеска ќе одржи вонредна седница во Катовице, зашто премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум кој се одржува во тој град
Полската државна служба за безбедност, заедно со Агенцијата за внатрешна безбедност, открила уреди кои може да се користат за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се одржи седницата на владата на Полска.
Оваа информација на социјалната мрежа Икс ја потврди и портпаролот на полската безбедноста агенција Јацек Добржински, кој напиша дека безбедносните служби пронашле и демонтирале уреди за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се состане министерскиот совет.

Според него, покрената е и истрага како опремата биле внесена во просторијата, како и за тоа кој ја поставил.
Służba Ochrony Państwa we współpracy z Agencją Bezpieczeństwa Wewnętrznego wykryła i zdemontowała urządzenia mogące służyć do podsłuchu w sali gdzie dziś w Katowicach ma odbyć się posiedzenie Rady Ministrów. Służby prowadzą dalsze czynności w tej sprawie pic.twitter.com/OOdZPSiifU
— Jacek Dobrzyński (@JacekDobrzynski) May 7, 2024
„Службите вршат понатамошни активности во врска со ова прашање“,
напиша Добржински.
Полската влада денеска ќе одржи вонредна седница во Катовице, зашто премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум кој се одржува во тој град.
Според најавите, на дневен ред на полската влада е најавено дека ќе се одлучува за помош на граѓаните за плаќање енергетски производи, како и за предлог-законот за дигитални комуникации со кој се воведува кодексот на Европската Унија во полските закони.
Полската влада вчера соопшти дека истражува дали се работи за шпионажа од страна на полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија, пишува Ројтерс.
Инаку, Полска се смета за центар на воени резерви од западните земји за Украина. Затоа се наоѓа во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионски активности.
