Во план е објектот да биде отворен и за настаните што ќе се одржуваат во рамки на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

До петок ќе се распише тендер за реконструкција на Универзалната сала, а градежните работи ќе започнат во септември. Објектот би требало да биде готов до крајот на 2027, најавува министерот зa култура и туризам Зоран Љутков, кој пред две недели поднел информација до Владата за постапките и реферирал дека се завршени сите процеси што биле наследени од претходно.
„До крајот на оваа недела ќе биде распишана јавна набавка, процесот трае севкупно 60 дена и потоа почнуваме со изградба на Универзална сала. Се надевам дека до крајот на септември ќе можеме да ги отвориме понудите и да почнеме со процесот на реконструкција. Во динамиката што ја имаме определено во буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година. Одвоени се околу 20 милиони евра, распределени во три години“,
информираше Љутков.
Во план е објектот да биде отворен за настаните што ќе се одржуваат во рамки на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.