Според Агенцијата на ОН најголем дел од бегалците заинале во Полска и Молдавија
Повеќе од 50 000 украински бегалци ја напуштиле земјата за помалку од 48 часа, соопшти високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди, кој рече дека мнозинството заминале во Полска и Молдавија.
„Повеќе од 50 000 украински бегалци ја напуштија својата земја за помалку од 48 часа – мнозинството во Полска и Молдавија – а уште многу повеќе се движат кон нејзините граници. Срдечна благодарност до владите и народите на земјите што ги држат отворените граници и ги пречекуваат бегалците“,
напиша Гранди на Твитер.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации процени во четвртокот дека десетици илјади ќе бидат раселени поради нападот на Русија. Агенцијата ги засилува операциите и капацитетите во Украина и соседните земји, бидејќи населението почна да ја напушта земјата.