Останатите формалности околу пристапувањето во Алијансата, како што е поднесувањето на пристапните документи во Вашингтон, најверојатно ќе се случат наскоро
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок ја потпиша одлуката со која се одобрува пристапот на Шведска во НАТО, со што се отвора патот за нордиската земја да стане 32. членка на Алијансата.

Останатите формалности околу пристапувањето во Алијансата, како што е поднесувањето на пристапните документи во Вашингтон, најверојатно ќе се случат наскоро.
„Се надеваме дека сега ќе станеме членка и дека нема да биде прашање на недели, туку на денови. Ќе биде добро и за Шведска и за НАТО. Ќе биде добро за стабилноста во целата евроатлантска област ако Шведска стане полноправна членка на НАТО“,
рече шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон на прес-конференција во Стокхолм.
Унгарските пратеници ја одобрија кандидатурата на Шведска за членство во НАТО на 26 февруари годинава, откако владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочи со притисок од сојузниците во НАТО да го одобри приемот на оваа земја во воената алијанса.