Во своето обраќање, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан додаде дека вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска објави дека во земјата ќе стапи на сила вонредна состојба, со цел да може побрзо да се одговори на предизвиците создадени од војната во соседна Украина, јави Би-би-си.
Во видео што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на Уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за мерката, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија, физичката безбедност на нејзините граѓани, енергетските залихи и финансиската сигурност на семејствата и стопанството.
„Светот е на раб на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата“,
рече Орбан.
Во своето обраќање, Орбан додаде дека вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците.