Според првичните резултати, по пребројани 88 отсто од гласовите, опозициската Тиса освоила 138 мандати, а владејачката Фидес на актуелни премиер Виктор Орбан освоила 54 мандати. Во унгарскиот парламент треба да влезат 199 пратеници

Откако Националната изборна канцеларија на Унгарија ги објави резултатите по 87,82 отсто преброени гласови, се поизвесно е дека опозициската партија Тиса на Петер Маѓар победува и ќе има двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.
Според првичните резултати, Тиса освоила 138 мандати, а владејачката Фидес на актуелни премиер Виктор Орбан освоила 54 мандати. Во унгарскиот парламент треба да влезат 199 пратеници.
Орбан веќе се обрати пред своите поддржувајќи признавајќи го поразот и велејќи дека резулатот од изборите за нив е болен, но јасен. Тој додаде дека веќе му ја честитал победата на лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар.
Резултатите од овие избори се сметаат за историски со оглед на рекордната излезност на гласачите од над 79 отсто, но и поради политичкиот потрес што го предизвикува падот на Виктор Орбан кој е на власт последните 16 години.
Илјадници поддржувачи на унгарската опозициска партија Тиса почнаа да се собираат на плоштадот Батањи во Будимпешта, каде го очекуваат објавувањето на резултатите од парламентарните избори. Собирот се одржува на брегот на Дунав, спроти зградата на парламентот.
