Лидерите на Европската унија во понеделникот – усно – се договорија да го воведат шестиот пакет санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, кој меѓу другото ќе вклучи и ембарго за увоз на руска нафта. Пратениците на ЕУ денеска требаше да го преведат договорот во правен текст за да може да стапи во сила
Унгарија денеска го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија – поради патријархот Кирил, јавува Ројтерс.
И покрај вербалниот договор во понеделникот вечерта околу полноќ за воведување на шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Унгарија денеска го блокира финализирањето на санкциите бидејќи во нив е вклучен и поглаварот на Руската православна црква, инсистирајќи на симнување на патријархот Кирил од листата на санкционирани поединци, пренесува Ројтерс.
??#Hungary demanded that the main pop of all #Russia Gundyaev be excluded from the sanctions list proposed by #Brussels.
— NEXTA (@nexta_tv) June 1, 2022
?Bloomberg sources pic.twitter.com/YUfpfMWW60
„Договорот е задржан бидејќи Унгарија се противи на санкциите против патријархот Кирил“,
изјави еден дипломат на ЕУ за Ројтерс, а потврдија уште двајца.
Инаку, лидерите на Европската унија во понеделникот – усно – се договорија да го воведат шестиот пакет санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, кој меѓу другото ќе вклучи и ембарго за увоз на руска нафта. Пратениците на ЕУ денеска требаше да го преведат договорот во правен текст за да може да стапи во сила.
Делумното ембарго на Европската унија за руската нафта ќе има негативно влијание врз целиот енергетски пазар, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.