Владејачката кандидатка освои 137 гласа, наспроти 51 глас за кандидатот на опозицијата Петер Рон

Унгарскиот парламент денеска ја избра Каталин Новак од владејачката партија Фидес, на премиерот Виктор Орбан, за нова шефица на државата. Таа е првата жена избрана на таа функција во историјата на Унгарија.
Новак доби петгодишен мандат, откако на парламентарното гласање го победи економистот Питер Рон. Новак (44) досега беше министерка без ресор, задолжена за семејни прашања.
Таа ќе ја преземе функцијата од актуелниот претседател Јанош Адер, на кој му завршува вториот претседателски мандат.
Новак освои 137 гласа, врз основа на резултатите објавени на веб-страницата на парламентот, додека кандидатот на опозицијата Петер Рон доби 51 глас.