Според СВР Велес, со ваквото дејствие пријавените предизвикале штета на правно лице од Скопје од околу 15 илјади евра
Фирма од Скопје е оштетена за околу 15 илјади евра кога група од шест лица украла електричен кабел од 467 метри наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја. Останати две лица, пак, го откупиле бакарот и каблите и на тој начин го прикриле делото.

Кавадаречката полиција, како што информира Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, поднела кривична пријава против шест жители на селото Марена поради постоење сомнеж за сторено кривично дело – тешка кражба.
Кривична пријава, како што информира полицијата, е поднесена и против 37-годишник со привремен престој во Струмица и 43-годишен жител на Струмица поради постоење сомжнеж за сторено кривично дело – прикривање.
„Првите шест пријавени со употреба на подесен алат од парцела кај место викано Мареенски рид, во близина на село Марена, одзеле 467 метри електричен кабел наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја. Останатите две лица, пак, го откупиле бакарот и каблите. Со ваквото дејствие пријавените предизвикале штета на правно лице од Скопје од околу 15 илјади евра“,
информираат од СВР Велес.
Настаните за кои се сомничат се случиле на 22 и 23 ноември минатата година.