Главниот украински преговарач вели дека иако Абрамовиќ порано играл заднинска улога сега веќе не се крие и е дел од лицата што се јавно вклучени во преговорите
Дејвид Арахамија, шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, позитивно ја оценува улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите опишувајќи го првично како „неофицијален канал за комуникација“, пренесуваат тамошните медиуми.
„Всушност, да бидам искрен, улогата што ја игра е многу позитивна. Но, не разбирам зошто почна да игра јавна улога. Во почетокот тој беше дополнителен канал во комуникациите, неофицијален канал што помага да се зборуваат сложени работи на нормален човечки, а не на дипломатски јазик“,
изјави украинскиот преговарач.
Арахамија додава и дека иако Абрамовиќ порано играл заднинска улога сега веќе не се крие и е дел од лицата што се јавно вклучени во преговорите.
Арахамија смета дека Абрамович се обидува да се позиционира како неутрална страна во преговарачкиот процес.
„Иако не го доживуваме како неутрална страна, сепак можеме да кажеме дека тоа е понеутрална од официјалната страна на преговорите“,
додаде шефот на украинската делегација.