Руското министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 44 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи девет над регионот на Волгоград

Напад со дронови во текот на ноќта погоди рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и пожар во објектот, изјави денеска гувернерот на Волгоградската Област, Андреј Бочаров.
„Вечерва, силите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија масовен напад со дронови на територијата на Волгоградската Област. Како резултат на паѓање остатоци, нафтени производи се излеаја и се запалија во рафинеријата за нафта во Волгоград. Пожарникарите брзо почнаа да го гаснат пожарот“,
пишува Бочаров во објава на Телеграм.
Според првичните информации, Бочаров вели дека нема повредени.
🔥🛢️/1. Russian Volgograd oil refinery was targeted tonight. Strong fires began on the territory of the oil refinery and continue to this moment.
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) August 14, 2025
Volgograd oil refinery has the capacity of 14,5 million tons of oil per year. pic.twitter.com/2S1f7nRMgS
Руското министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 44 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи девет над регионот на Волгоград.
Денеска експлозии имало и во Ростов на Дон, град во јужна Русија.
Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.
❗️A powerful explosion was heard in the center of 🇷🇺Rostov pic.twitter.com/UAmLPjhCpC
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025
Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи.
Рафинеријата во Волгоград, во сопственост на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, досега е нападната неколку пати во текот на војната. Руските медиуми и официјални лица објавија напади врз рафинеријата во февруари и во март 2025 година. Генералштабот на Украина потврди напад со дронови врз рафинеријата во јануари.