Украинскиот „Киев пост“ објави дека пропаднал нов обид за атентат на претседателот на оваа земја, Володимир Зеленски.
Според овој извор, недалеку од границата со Словачка и Унгарија била уапсена воена група од 25 луѓе кои ги воделе руските специјални служби.
„Киев пост“ тврди дека целта на оваа група била ликвидација на Зеленски.
Украинците веќе во неколку наврати досега пренесуваа за неуспешни обиди за атентат на Володимир Зеленски, додека руската страна постојано го негира тоа.