Украинската армија напредуваше во Луганск, регион на Исток кој досега беше речиси целосно под окупација на руските сили, изјави денеска гувернерот на областа Луганск, Серхи Хајдај.
„Сега е официјално. Ослободувањето на регионот Луганск започна. Неколку места се веќе ослободени од руската армија“,
напиша Хајдај на Телеграм.

Вчера Украина веќе тврдеше дека направила пробив во јужниот регион Херсон, а речиси целата област Харков на североисток се чини дека сега е под украинска контрола.
Ова, според Хајдај, го отвора патот за Луганск, упориште на проруските сепаратисти од 2014 година.