Украинскиот систем за пренос на гас, ГТСОУ, денеска соопшти дека поради „виша сила“ од утре ќе го прекине преносот на руски гас преку точката Сохранивка.
Сохранивка е една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа. И покрај руската инвазија која почна на 24 февруари, Украина останува важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.
„Од утре приемот на гас во гасоводниот систем на Украина (ГТСОУ) нема да се врши преку гасната станица Сохрановска поради губење на контрола на Украина над објектите на гасоводниот систем во окупираните територии и противзаконските акции на руските окупатори“,
стои во соопштението на операторите за системот на преност на гас на Украина, пренесува Интерфакс.
Компресорската станица Новопсков во областа Луганск, источна Украина е под контрола на Русија, веднаш по почетокот на инвазијата. Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно,што е една третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.