Според планот, најмалку 30 дена треба да има целосен прекин на огнот, по што би требало да следи размена на затвореници, за во третата фаза да има средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин

Утре во Истанбул тимот украински преговарачи ќе им презентираат на своите руски колеги план за постигнување траен мировен договор.
Според планот, најмалку 30 дена треба да има целосен прекин на огнот, по што би требало да следи размена на затвореници, за во третата фаза да има средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин.
Москва и Киев, поддржани од Западот, треба и понатаму да работат на усогласување на условите под кои можат да се согласат за целосно завршување на тригодишната војна.
Но она што сепак загрижува е што двете држави се многу далеку од прифаќање на условите на спротивната страна ако се земат предвид барањата на Украина да нема никакви ограничувања на воената сила по постигнувањето мировен договор и да не биде признаенa рускaта сопственост над делови од Украина што ги зазедоа силите на Москва.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неколку наврати ги повика Москва и Киев да работат заедно на договор за прекин на војната.
Киев претходно оваа недела изјави дека чека меморандум од руската страна во кој ќе бидат наведени нивните предлози, што сè уште не се случило.