Ова е петти украински напад врз нафтовод што испорачува руска нафта во Унгарија и Словачка
Украина го погоди рускиот нафтовод „Дружба“ во рускиот централен Тамбовски Регион, изјави извор во украинската воена разузнавачка служба ГУР.

Ова е петти украински напад врз нафтовод што испорачува руска нафта во Унгарија и Словачка.
Гувернерот на регионот, Евгениј Первишов, претходно изјави дека украинскиот напад предизвикал пожар во складиште за нафта откако го погодил дрон.
„Пожарникарите и службениците за спроведување на законот брзо пристигнале на местото на настанот. Распоредени се сите потребни средства и ресурси“,
напиша Первишов на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 102 украински дрона над руска територија во текот на ноќта. Според Министерството, 26 дронa биле уништени над Белгородскиот Регион, 22 над Брјанскиот, 21 над Курскиот и 16 над Ростовскиот. Седум дронa биле неутрализирани и во Астраханскиот Регион, шест во Саратовскиот и четири во Воронешкиот Регион.
