Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил Олександр Шелипов во североисточното украинско село Чупахивки
Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник кому во Киев му се суди за воени злосторства бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.
На вториот ден од судењето обвинителот побара од судот доживотна казна за 21-годишниот Вадим Шишимарин, пренесуваат тамошните медиуми.
Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг.
Ова е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, која почна на 24 февруари.
Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил Олександр Шелипов во североисточното украинско село Чупахивки.
Покрај Шишимарин, денеска уште двајца руски војници се изјаснија за виновни, односно признаа дека вршеле воени злосторства.