Руските воени сили досега убиле многу повеќе украински цивили од војници во текот на двонеделната воена инвазија на Украина, соопшти украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, пренесува Би-би-си.
„Сакам ова да се слушне не само во Киев туку насекаде во светот“,
изјавил Резников.
Оваа изјава на Резников доаѓа откако се чини дека Русија го проширува нападот врз Украина, започнувајќи напади врз градови и од различни страни на државата.
„Трпејќи катастрофални загуби, руските окупатори започнаа терористичка војна. Тие се однесуваат како криминалци и кукавици. Тие убиваат и земаат цивили, жени и деца како заложници. До 10 март бројот на украинските цивили убиени од руските напаѓачи го надминува бројот на воениот персонал кој загина во борбите. Кремљ бомбардира училишта, клиники и породилишта. Москва не заштитува никого, таа уништува. Тие не се способни да се борат против нашата армија, националната гарда, територијалната одбрана, па ги напаѓаат најранливите“,
објави на Фејсбук министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников.