Според информациите од Генералштабот на вооружените сили на Украина, московските сили во изминатиот ден загубиле 1 950 војници
Руските сили го претрпеа најсмртоносниот ден од почетокот на целосната инвазија на Украина, вторпат по ред, според бројките објавени од Киев денеска.
Според информациите од Генералштабот на вооружените сили на Украина, московските сили во изминатиот ден загубиле 1 950 војници.
Ова го надмина претходниот рекорд од 1 770, поставен само еден ден претходно. Вкупната бројка, според податоците на Украина, сега изнесува 712 610.
Путин сака да ја врати територијата во Курск што ја држи Украина
Податоците не прецизираат дали се убиени или ранети, иако генерално се смета дека вклучуваат мртви, ранети, исчезнати и заробени. Бројките се во согласност со проценките на западните земји.
Зголемувањето на жртвите доаѓа откако руските сили го засилија притисокот вдолж линијата на фронтот.
Сојузниците на НАТО веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја врати територијата под контрола на Украина во регионот Курск пред инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари.
Проценката на британското разузнавање, која ја виде британски „Телеграф“, предупредува дека Русија може да ги интензивира нападите со беспилотни летала камикаѕе врз украинските позиции, користејќи нови пунктови за лансирање во близина на границата.
Во обид да ја врати контролата, Русија распореди 50 000 војници, вклучително и војници од Северна Кореја, во областа Курск.
Украинскиот командант Олександр Сирски рече дека десетици илјади непријателски војници од најдобрите руски јуришни единици се обидувале да ги истуркаат украинските сили од руската енклава предизвикувајќи загриженост за можна значајна ескалација на војната.
И украинскиот претседател Зеленски вчера потврди дека Украина се бори со 50 000 руски војници во Курск.