Околу 100 цивили се очекува денеска да стигнат до градот Запорожје под контрола на Украина – по евакуацијата од опколената фабрика за челик во јужниот град Мариупол
Војната во Украина трае 68 дена. Гувернерот на Белогорд Вјачеслав Гладков изјави дека рускиот регион утрово бил погоден од две ракети, додека украински војник тврди дека Русите продолжиле да ја гранатираат фабриката за челик „Азовстал“, од каде започна евакуација.
„Пред 30 минути ме разбудија две силни експлозии. Според оперативниот центар, нема штета, нема жртви“,
напиша Гладков околу 2.40 часот по локално време на Телеграм.
Руските сили започнуваат офанзива во правец на Славјанск, важен град во областа Доњецк, соопшти украинската армија. Офанзивата вклучува силно гранатирање на украинската одбрана, се наведува во редовното ажурирање од Генералштабот.
Генералштабот соопшти дека руските сили нападнале голем број градови во областа Луганск и дека се обиделе да ги подобрат своите позиции околу градот Попасна со преместување на една баталјонска тактичка група од Мариупол.
„Непријателот распореди дополнителни ракетни системи земја-воздух на привремено окупираните територии на регионите Луганск и Запорожје“,
се вели во соопштението.
Конвојот со поддршка на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе се обиде да го напушти Мариупол, се вели во соопштението на Градскиот совет на Телеграм пренесува Си-ен-ен.
„Има добри вести. Со поддршка на ОН и Црвениот крст денеска се договорени две дополнителни локации за сместување на луѓе во конвојот за евакуација што ќе го напушти Мариупол“,
се наведува во информацијата.
Конвојот ќе ги собере цивилите на неколку места во Мариупол, пред да ги однесе во две села недалеку од градот Бердјанск, соопшти Градскиот совет.
Околу 100 цивили се очекува денеска да стигнат до градот Запорожје под контрола на Украина – по евакуацијата од опколената фабрика за челик во јужниот град Мариупол.
Евакуираните во потресни сведоштва за „Гардијан“ раскажуваат како изгледал животот овие два месеци.
„Се плашев дека бункерот нема да го издржи тоа – имав ужасен страв. Кога бункерот почна да се тресе, бев хистерична, мојот сопруг го гарантира тоа. Бев толку загрижена дека бункерот ќе се урне. Не сме виделе сонце толку долго“,
изјавила една жена, опишувајќи го времето што го поминала под земја.
Mariupol evacuee recounts terror in bunkers below Azovstal steelworks https://t.co/nsKrzm7Xlc
— The Guardian (@guardian) May 2, 2022
Од Националната гарда на Украина велат дека уште стотина жители се останати во опколените бункери на „Азовстал“ и дека ќе бидат потребни уште најмалку два вакви круга за сите да бидт евакиурани.