Според пријавата, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150 000 денари
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вчера попладне во полиција пријавила дека е одземен бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопски Чаир.

Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од февруари годинава до денот на пријавата, а сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150 000 денари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
