Управата за јавни приходи денеска ги достави првите одобрени барања за финансиска поддршка за исплата на плати, како една од мерките за ублажување на економските последици од кризата предизвикана од ковид-19.
Според УЈП, доставени се барањата на вкупно 5 141 работодавач кои ги исполниле условите, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507 947 264 денари.
„Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од ковид-19, за исплата на платите за април и мај 2020 година“,
велат од УЈП.
Во тек е обработка и на останатите поднесени барања кои потоа ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат.
Субвенционирање на минимална плата од 14 500 денари е една од мерките што ги усвои Владата за помош на компаниите во услови на криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 чија цел е да се зачуваат работните места и ликвидноста на компаниите.
