Управата за јавни приходи (УЈП) ги подготви и до граѓаните ги достави годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-персонален данок“ да извршат увид во годишната даночна пријава за минатата година преку своите кориснички профили.
Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или да ја коригираат годишната даночна пријава најдоцна до 31 мај овој месец.
По истекот на законскиот рок, на 1 јуни 2020 година, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, а службено ќе бидат потврдени и оние годишни даночни пријави кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.
Годишната даночна пријава за 2019 година што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следува донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година, велат од УЈП.
