Управата за хидрометеоролошки работи информира дека водостојот на Вардар и Црна Река и натаму е висок и апелира на претпазливост при движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден
Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но сè уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија каде што се очекува да остане висок во текот на денешниот ден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде што се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Другите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање.
Од УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
