Од денеска се очекува пад на дневните температури и поројни дождови со грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.
Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температури, информираат од УХМР.