Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафатија делови во околината на Македонски Брод и Кичево.
Според радарската слика од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилност има во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец на движење северозапад-југоисток од која има пороен дожд.
Исто така, од УХМР велат дека нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи има и во западните и југозападните планинските региони.
Во временската најава од УХМР се вели дека утре ќе се задржи топло време, а попладне, во текот на ноќта и во петок претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд со над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.
Од УХМР велат дека во петок ќе дува засилен, вдолж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со над 60 километри на час, а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.
