Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде топло со умерена облачност, а околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР предупредуваат дека ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степени, со УВ индекс 7. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.