Како што најавија од УХМР, утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови на земјава, а дневните температури ќе забележат пад за повеќе од 10 степени
Пад на дневните температури за повеќе од 10 степени и пообилни врнежи особено во јужните и источните делови на земјава се очекуваат во текот на утрешниот ден, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
„Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени “,
информира УХМР.
Од вторник, пак, како што најавија од УХМР, на места ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
