Угостителите од понеделник најавија дека ќе излезат на протест ако не се исполнат нивните барања за еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти што се затворени.
„Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето што работат во овој сектор. Цела година сме предмет на јавно линчување, иако помошта што ја добивме беше минимална и обременета со многу критериуми“,
изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.
Од туристичко-угостителската комора бараат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени.
„Бараме утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка сѐ додека Владата не ни дозволи да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Ако може Владата на нас со уредба да ни забрани да работиме, може со уредба да утврди банките додека не работиме да не ни ја цицаат крвта и да нѐ задолжуваат“,
додаде Ангеловски.
