Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што се играше го Копенхген во рамки на Европското фудбалско првенство
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој попладнево колабира за време на натпреварот меѓу Данска и Финска во рамки на Европското фудбалско првенство е во болница и е стабилен, објави УЕФА на официјалниот профил на Твитер.
Following the medical emergency involving Denmark’s player Christian Eriksen, a crisis meeting has taken place with both teams and match officials and further information will be communicated at 19:45 CET.
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 12, 2021
The player has been transferred to the hospital and has been stabilised.
Според фотографиите и кои ги објавија повеќе светски агенции и медиуми, Ерискен уште додека го изнесувале од теренот, бил свесен, со кислородна маска.

Публиката тоа не можеше да го види, бидејќи неговите соиграчи со чаршав го скрија неговиот соиграч додека на колична беше изнесуван од теренот.

Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што се играше го Копенхген во рамки на Европското фудбалско првенство.

Ериксен (29) беше сам во близина на страничната линија, кога во 42-та минута одеднаш падна. Неговите соиграчи формираа круг за околу нивниот соиграч. Публиката и неговите соиграчи беа во шок и солзи додека медицинскиот тим му укажуваше прва помош, а од она што можеше да се види од ТВ преносот, му беше давано вештачко дишење и беше реанимиран..
Натпреварот е прекинат.
Ериксен е играч на италијанскиот клуб Интер.