Едиствено, како што рече првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, на денот пред одржување на изборите заклучени ќе бидат просториите во училиштата каде што ќе се чува избирачкиот материјал, а нив ќе ги обезбедуваат припадници на МВР
Училиштата ширум земјава во кои се сместени избирачките места и во кои ќе се одвива гласањето на претстојните претседателски избори, ќе бидат отворени и ќе работат регуларно еден ден пред избирачкиот, односно наредниот вторник. Ова денеска го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.

Едиствено, како што рече Даштевски, на денот пред одржување на изборите заклучени ќе бидат просториите во училиштата каде што ќе се чува избирачкиот материјал, а нив ќе ги обезбедуваат припадници на МВР.
Заради одржување на претстојните претседателски и парламентарни избори, кои, за разлика од претходните изборни циклуси, се одржуваат во работен ден (среда), Владата ги прогласи за неработни за сите граѓани на територијата на државата. Двата дена – 24 април и 8 мај – нема да се одработуваат.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за наредната среда, 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со изборите за пратеници.