Детективите што го истражуваат случајот се консултирале со Канцеларијата на Окружниот јавен обвинител и се очекува осомничениот да биде обвинет за кривично дело обид за убиство од прв степен
Ученик од основно училиште во Мемфис, Тенеси, е тешко повреден откако друг ученик го застрелал на училиште.
Тринаесетгодишен ученик е застрелан во инцидент во основното училиште „Камингс“ во Мемфис, соопшти полициската управа во Мемфис.
Се наведува дека повреденото дете, кое итно е префрлено во болница, сѐ уште е во животна опасност. По инцидентот, училиштето е затворено, а вработените и учениците беа однесени во блиската црква.

Полицијата потврди дека осомничениот, кој бил ученик во истото училиште, се предал откако претходно избегал од местото на инцидентот.
За инцидентот е започната истрага.
Детективите што го истражуваат случајот се консултирале со канцеларијата на окружниот јавен обвинител и се очекува осомничениот да биде обвинет за кривично дело обид за убиство од прв степен.
„Сега, ние исто така треба да размислиме – како 13-годишник дошол до пиштолот? Нели? Тоа е прашање на кое сите сакаме да добиеме одговор. Не сум сигурен дека некогаш ќе ја откриеме целосната вистина“,
велат од полицијата во Мемфис.
Според раководството на локалната педијатриска болница, досега оваа година третирале над 100 деца со прострелни рани во оваа заедница и се на чекор да го надминат рекордот од минатата година, кој изнесувал 135.
