Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 99,59% избирачки места, Милановиќ освои 74,67% од гласовите, а кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац 25,33%

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори.
Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 99,59% избирачки места, Милановиќ освои 74,67% од гласовите, а кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац 25,33%.
„Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа. Ова е плебисцитарната порака на хрватскиот народ до сите оние кои треба да ја слушнат и барам да ја слушнат“,
рече Милановиќ во победничкиот говор.
Според резултатите на ДИП, во вториот круг гласале 44,17 отсто од електоратот. На вториот круг се гласаше на повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска.
Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.
За Милановиќ ова е втор мандат. Тој е петти претседател на Хрватска откако ја презеде функцијата во февруари 2020 година.