Уапсени се градоначалниците на Анталија, Адана и Адијаман

Tројца градоначалници од редовите на главната опозициска партија во Турција се уапсени, објави обвинителството.
Станува збор за градоначалниците на големите градови Адана и Адијаман, кои се приведени под обвинение за изнуда, заедно со уште осум лица.
Турските медиуми објавија дека приведен е и градоначалникот на Анталија и заменик-градоначалникот на истанбулскиот округ Бујукчекмеџе во рамките на пошироката истрага, чија цел се стотици членови на Републиканската народна партија (ЦХП) од октомври минатата година.
ЦХП ги отфрла обвиненијата и ја нарекува истрагата политички мотивирана.
Во март годинава беше уапсен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е главен политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Неговото апсење ги предизвика најголемите протести низ улиците во Турција во последната деценија.