Полицијата викендов уапсила 20 лица, од кои еден грчки државјанин, за време на „Д фестивал“, кој се одржа во Стар Дојран.
Кај приведените била пронајдена разновидна дрога.
„За случаите е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави. Овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации“,
соопшти полицијата.