Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и уште две лица, Недим Памуковиќ и Хариса Ондер, сопруга на Џенгиз Ондер. Според последните информации, Хариса Ондер е во тешка состојба
Досега се уапсени 30 лица кои во директен пренос на Инстаграм го поддржале убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, кој брутално уби три лица, неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, кои се турски државјани.
Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и уште две лица, Недим Памуковиќ и Хариса Ондер, сопруга на Џенгиз Ондер. Според последните информации, Хариса Ондер е во тешка состојба.
Убиецот во живо го пренесувал убиството на невенчаната сопруга, а многу луѓе го поддржале. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, за „Аваз“ изјави дека се вршат активности за евидентирање на тие лица.
„Директорот на ФУП ме информира дека одделението за компјутерски криминал на ФУП веќе спроведува активности поврзани со снимање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот“,
рече Исак.
ФУП во соработка со надлежното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство и убиецот не само на Инстаграм, туку и на сите други социјални мрежи.
Министерот за внатрешни работи на Босна и Хереговина, Хајрудин Механовиќ, вчера соопшти дека бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга бидејќи таа неколкупати во минатото го пријавувала за насилство. Тој соопшти дека убиената жена во јули поднела пријава за насилство против убиецот, но поради страв ја повлекла.
Од Обвинителството во Тузла, пак, соопштија дека последната пријава за семејно насилство за ова лице од убиената жена пристигнала пред само три дена, но кога властите ја започнале процедурата, таа повторно ја повлекла пријавата.
Убиецот од БиХ ја убил невенчаната сопруга бидејќи таа го пријавувала за насилство