Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита во Босна и Херцеговина од раните утрински часови спроведуваат оперативна акција под кодно име „Профит“, во рамките на која досега се уапсени 14 лица.
Уапсените лица се осомничени за организиран криминал, измама во деловно работење, перење пари и злоупотреба на положба и овластување, јави Н1.
Претресот продолжил и во станбени и деловни згради на повеќе локации во Сараево, Бреза и Травник. Досега се откриени и привремено одземени 744 800 евра, 89 400 км, 10 800 куни и 13 720 динари, како и обемна документација и други предмети што ќе послужат како доказ во кривичната постапка.
Блокирани се и сметки на кои се големи парични средства.
Дел од уапсените се и поранешни директори на државни институции и банки. Тие се сомничат за организиран криминал и злоупотреба на своите позиции во повеќе фирми за потпишување на фиктивни договори, договори за позајмици, како и за милионски трансакции преку кои оствариле незаконска имотна корист.
