На денешните завршни зборови во Кривичниот суд, обвинетиот Велибор Манев ја отвори темата за ранецот во кој се наоѓал пиштолот со кој е извршено двојното убиство. Рече дека Палевски му се јавил за да му каже дека лицето З.Д. – член на Десна и вработен во Народната банка – ќе го земе ранецот од просториите на партијата
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информира дека е уапсен З.Д. – вработен во Народната банка – за кого осомничениот Велибор Манев на денешните завршни зборови во Судот рече дека од седиштето на партијата Десна го зел ранецот во кој бил пиштолот со кој биле убиени Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

„Лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија“,
соопштија денеска од ОЈО Скопје.
На денешните завршни зборови во Кривичниот суд, обвинетиот Велибор Манев ја отвори темата за ранецот во кој се наоѓал пиштолот. Рече дека Палевски му се јавил за да му каже дека лицето З.Д. (Манев го кажа со име и со презиме) член на Десна, а вработен во Народната банка, ќе го земе ранецот од просториите на партијата.
„Ова е последната коцка од сложувалката. Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народната банка. Дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски ‘пакетот’, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери“,
рече Манев во сведочењето на завршните зборови.