Возачот А.К. (48) е во полициските простории на МВР на сараевскиот кантон поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста во јавниот превоз
Во Сараево е уапсен возачот на градскиот трамвај што вчера излета од шините, при што едно лице загина, а четири други беа повредени. Возачот А.К. (48) е во полициските простории на Министерството за внатрешни работи на сараевскиот кантон поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста во јавниот превоз.

Несреќата се случи вчера напладне кога трамвај излета од шините во центарот на Сараево, во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД. Трамвајот излетал од шините, ја пробил заштитната ограда и се излизгал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.
Во несреќата загина едно лице, а четири други беа повредени.
