Апсењето утрово е уште еден од низата настани кои изминатиот период ги креваат тензиите меѓу Белград и Приштина

Во Општината Лепосавиќ на северот на Косово во утринските часови денеска е уапсен уште еден Србин со иницијали У.В., јавија српските медиумите.
Тој е уапсен веднаш откако излегол од својата куќа и полицијата потоа го однела со возило во правец кон Приштина. Косовските власти соопштија дека станува збор за лице осомничено за вмешаност во нападот на новинарската екипа на РТК во петокот.
По апсењето, како што јави РТС, засилено е присуството на КФОР околу Лепосавиќ. Во петокот уште еден Србин од Косово беше уапсен за овој случај.
Апсењето утрово е уште еден од низата настани кои изминатиот период ги креваат тензиите меѓу Белград и Приштина. Во саботата српската страна обвини дека косовски специјалци во Житковац кај Звечан претепале две српски деца на возраст од 15 и 17 години.
Од тие причини, Србите на северот на Косово за денеска закажаа протестен марш. Почетокот на собирот е закажан за 13 часот во Косовска Митровица.
За потсетување, претходно тројца косовски полицајци беа уапсени од српските сили – Белград тврдеше дека навлегле на српска територија, а Приштина обвини дека станува збор за киднапирање кое се случило на косовската страна од границата.
Поврзани вести:
- Свечла: Криминална Србија влезе на територијата на Косово и киднапира тројца полицајци
- Петковиќ: Специјалците на Курти не се киднапирани, уапсени се
- Курти бара итно ослободување на косовските полицајци од Србија: Ова е агресија и намера за ескалација
- Косово со итна мерка: Целосно го забрани увозот од Србија по „киднапирањето“ на косовските специјалци
- Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена
- Вучиќ за ситуацијата на Косово: Деца од 12, 13 години се подготвени да умрат поради Курти