Горан Стојков излезе на слобода во 2016 година, откако претходно беше осуден на 9-годишна затворска казна за случајот „Шпион“

Полицијата вчера го уапси поранешниот командант на расформираната единица „Лавови“ и македонски бранител, Горан Стојков, поради сторено кривично дело злоупотреба на службена должност.
Од МВР информираа дека тој се гонел за издржување на едногодишна затворска и за него била распишана централна потерница.
„На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната“,
се вели во соопштението на МВР.
Горан Стојков излезе на слобода во 2016 година, откако претходно беше осуден на 9-годишна казна за случајот „Шпион“.
Тој во случајот „Шпион“ беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор. Казната во целост ја отслужи.
Во текот на војната 2001 година беше на терен во сите воени жаришта во тетовско, кумановско и на Скопска Црна Гора.